Директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски учествуваше на првата работна онлајн средба по повод почетокот на реализација на проектот за новиот Национален едношалтерски систем (National Single Window Blueprint Project for North Macedoniа), во организација на канцеларијата на Меѓународната финансиска корпорација (International Finance Corporation-IFC), дел од групацијата Светска Банка.

Царинската управа беше назначена за главен носител и координатор на проектот од страна на Владата на РСМ, а преку воспоставувањето на новиот национален едношалтерски систем активно ќе соработува со други 11 државни органи и институции кои се дел од Едношалтерскиот систем EXIM и се надлежни во областа на прекуграничниот проток на стоки во издавањето на дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки.

Со реализација на овој проект се очекува да се развие и имплементира комплетно нов Национален едношалтерски систем чии корисници ќе бидат Царинската управа, другите владини институции и бизнис заедницата. Целта е да се постигне олеснување и забрзување на прекуграничната трговија преку интегрирање на сите постоечки ИТ системи во државава преку обезбедување на единствена точка-прозорец за користење на услугите како и усогласување со регулативата и стандардите кои се применуваат во земјите членки на ЕУ.

Директорот на ЦУ појасни дека изработката на овој документ-блупринт е од огромно значење бидејќи во него треба да вгради визијата и архитектурата на новиот Национален едношалтерски систем (National Single Window – NSW), кој во следните неколку години ќе се развива и имплементира во рамките на компонентата за Олеснување на меѓугранична трговија на стоки од Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан (Western Balkans Trade and Transport Facilitation Project – WBTTFP), финансиран со заем од Светската Банка. Исто така истакна дека развојот и имплементацијата на овој систем е од национален интерес, а со неговото користиње при олеснување на постапките за бизнис заедницата и обезбедување на поефикасни контроли ќе се постигне взаемен бенефит.

Вицепремиерот за економски прашања, г-дин Фатмир Битиќи во своето поздравно обраќање истакна дека Царинската управа на Република Северна Македонија активно придонесува кон постигнувањето на повисоки стратешки цели на нашата држава и преку воспоспоставување на овој систем уште еднаш ќе се потврди волјата за унапредување на регионалната соработка.

Со воведување на новиот национален едношалтерски систем ќе се придонесе за намалување на трошоците за трговските трансакции и олеснето спроведување на прекуграничните постапки, а за вклучените владини институции подобро управување и контрола, порационално искористување на ресурсите и поефикасна меѓународна трговска размена. Системот ќе биде усогласен со меѓународнте стандарди за размена на податоци, како и со стандардите на Европската Унија.

1
1
2
2
4
4
Biljana D. Stojanovska - State Advisor at MoE and Secretary General of NTFC
Biljana D. Stojanovska - State Advisor at MoE and Secretary General of NTFC
Group Photo 1
Group Photo 1
Magdalena Soljakova - MKD Country Officer
Magdalena Soljakova - MKD Country Officer
Samuel Maher - KGH Project Manager
Samuel Maher - KGH Project Manager
Violane Konar-Leacy - IFC Program Manager ECA TFSP
Violane Konar-Leacy - IFC Program Manager ECA TFSP
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6 7 8