Соопштение I

Почитувани кандидати,

1. Царинската управа ве известува дека на ден 09.12.2020 година (среда) на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје (бул. „Гоце Делчев“ број 9 б) со почеток во 13:50 часот, во просторијата број 1, ќе се спроведе полагање на стручен испит – ВТОР ДЕЛ (студија на случај) на кандидати кои:

- го положиле првиот дел (теоретски), со кој ќе се проверува теоретското знаење и стручната оспособеност на лиценцирани застапници, заради самостојна примена на царинските прописи во практиката.

Список на кандидати кои ќе го полагаат вториот дел од стручниот испит (студија на случај) се:

 

Р.брИме и презиме на кандидатотВреме на полагањеЛокација
1.ЃОРГИЕВСКА ВЕСНА13:50Просторија 1
2.ПЕХЧЕВСКА ЉУПКА13:50Просторија 1
3.КАСАПОВ МАРКО13:50Просторија 1
4.ПАЈДАКОВ МАРЈАН13:50Просторија 1
5.СТОЈАНОВСКИ ВЛАТКО13:50Просторија 1
6.ЛЕШКОСКИ ТОДЕ13:50Просторија 1
7.АТАНАСОВСКИ СТЕФАН13:50Просторија 1

- Со ова известување ги повикуваме и оние кандидати кои порано го имаат положено првиот дел од испитот и не се наоѓаат на објавениов список, а до сега не го полагале вториот дел од испитот, потребно е во рок од 3 дена од денот на објавување на ова известување да се пријават на е-меил адреса кај:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и кај Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., за да може да бидат пријавени во списокот на кандидати за полагање на втор дел од испитот. 

Соопштение II

Почитувани кандидати,

Царинската управа исто така ве известува дека на ден 09.12.2020 година (среда) на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје (бул. „Гоце Делчев“ број 9 б) со почеток во 15:10 часот, во просторијата број 1, ќе се спроведе ПОПРАВНИОТ ИСПИТ односно полагање на втор дел (студија на случај ) за оние кандидати кои го положиле првиот дел (теоретски дел) но не го положиле вториот дел (студија на случај).  

Овие кандидати потребно е да поднесат пријава за повторно полагање на стручен испит и да плати надоместок во износ од 3.000,00 денари.

Рокот за поднесување на Пријавите започнува од 18.11.2020 и трае до 01.12.2020 година.

Уплатата се врши на следната сметка:

 

Примач: Министерство за финансии – Царинска управа ул.„Лазар Личеноски“ број 13, 1000 Скопје

Банка на примач: НБРМ

Сметка: 100-0000000630-95

Сметка на буџетски корисник:   090030017578714

Приходна шифра и програма:  725939  20

Цел на дознака: надоместок за полагање на поправен испит за лиценциран застапник.

Пријавата заедно со уплатницата  се поднесува во архивата на Царинска управа адреса ул.„Лазар Личеноски“ број 13 Скопје или во архивите на Царинарниците во Скопје, Битола, Гевгелија, Штип и Куманово, на образец 01.30.00.ПЦ.005.02.-OБ.05.05.02 кликни тука

Сите кандидати кои се наоѓаат на списокот за полагање задолжително да понесат лична карта заради утврдување на идентитетот.

Пожелно е кандидатите да бидат дојдени на договореното место (Правен факултет Скопје) 15-20 минути пред закажаниот термин, заради спроведување на формалностите.

Испитот ќе се спроведува согласно Протоколот прифатен од страна на главниот координативен штаб и тоа:

Доколку некој од кандидатите, пред почеток на испитот, има респираторни симптоми (покачена телесна температура, кашлица, отежнато дишење) да не присуствува на испитот, а го задржуваат правото да полагаат во некоја следна сесија.

Сите учесници (членови на комисија, кандидати за полагање, технички лица за спроведување на испитот и претставник од АЕК задолжително да носат заштитна опрема на денот на испитот и тоа: (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично) со која ќе биде покриен пределот на устата и носот од страна на сите учесници за цело времетраење на испитот.

Царинската управа го задржува правото на промена на предвидениот термин  за полагање на испитот за лиценциран застапник, во случај на настанување на непредвидени околности.

ПРИЈАВА