На денешната годишна конференција на генералните директори царинските управи од европскиот регион во рамки на Светската царинска организација, преку обраќањето на генералниот секретар на СЦО Кунио Микурија беа информирани за досегашните преземени мерки  во однос на практичното делување во борбата против пандемијата со Ковид 19.

 

Теми на конференцијата беа ревидирањето на Договорот од Берген со кој се утврдува одредувањето на под-групи во рамки на европскиот регион на СЦО и воспоставување на процедури според кои администрациите членки (царинските служби) треба да бидат застапувани во одредени тела на СЦО. 

Директорот на Царинската управа на Република Северна Македонија, г. Ѓоко Танасоски во своето обраќање ги информираше учесниците за воведувањето на Зелените коридори во ЦЕФТА регионот за време на пандемијата со корона вирусот. Акцентот го стави на ЦУ која како претседавач со ЦЕФТА поткомитетот за царина и правила на потекло, во март, оваа година, кога на регионот му се закануваше целосна блокада, ги иницираше и успешно ги воспостави Зелените коридори и приоритетни ленти. Меѓу другото, во својот говор потсети дека на Самитот за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес што се одржа неодамна, беше потврдено и проширувањето на овие ленти кон соседните земји- членки на ЕУ.

Учесниците меѓу другото,  разговараа и за продолжување на мандатот на Работната група за мерење на ефикасноста, чие формирање беше подддржано од Советот на СЦО во јуни 2019 година. Работната група се очекува да испорача резултати во развој на единствена, сеопфатна и професионална алатка за мерење на ефикасноста на царинските служби, што би била прифатена на глобално ниво. Активностите ќе бидат насочени кон подобрување на капацитетите на царинските администрации што членуваат во СЦО, зајакнување на нивната ефикасност во извршување на теренот на делување во меѓународни рамки и издигнато позиционирање на СЦО на глобалната сцена. Царинските администрации во овој дел се обврзуваат да разменуваат информации околу показатели на успешност во спроведување и да вршат постојани истражувања околу имплементирањето на веќе постоечките системи на рангирање (Светска банка, Организација за економска соработка и развој, Меѓународен монетарен фонд).

Се разговараше и за извештајот од страна на Регионалната служба за градење на капацитети  за европскиот регион на СЦО, како и заедничка презентација на регионалните разузнавачки служби за врски кои делуваат во Европа.

1
1
2
2
3
3
4
4
5
5
6
6
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6