Царинската управа на Република Северна Македонија во рамките на своите редовни активности на граничните премини Табановце со соседна Србија и Богородица со соседна Грција спречи обиди за нелегален внес на цигари и тутун во лист наменети за нелегална продажба на македонскиот пазар. На граничниот премин Табановце на влез од Република Србија се запленети 16,5 тони цигари, а на граничниот премин Богородица, на влез од Грција - 13 тони тутун во лист.

Ве известуваме дека новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) повторно е ставен во функција.

   

 

Ве известуваме дека во новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) ќе се вршат технички надградби. За таа цел се повикуваат застапниците да користат резервна постапка со употреба на царински декларации во форма на ЕЦД кои ќе се обработуваат во Асикуда се до повторно вопоставување на системот.

Ве известуваме дека во новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) ќе се вршат технички надградби. За таа цел се повикуваат застапниците да користат резервна постапка со употреба на царински декларации во форма на ЕЦД кои ќе се обработуваат во Асикуда се до 06.07. до 10.00 часот.

Царинска управа 

Ве известуваме дека новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) ќе биде недостапен заради техничка надградба  до 16:00 часот.

Во овој период застапниците имаат можат да користат резервна постапка со употреба на царински декларации во форма на ЕЦД кои ќе се обработуваат во Асикуда или да почекаат повторно воспоставување на системот.

 

Царинска управа 

   

 

На 3 јули 2019 година, директорот на Царинска управа на Република Северна Македонија Ѓоко Танасоски, заедно со помошник директорот на Секторот за царински систем Златко Ветеровски, остварија две работни посети и тоа во компаниите Дрекслмајер и ИГМ-Трејд Доо Кавадарци. Целта на посетата беше доделување на Одобренија за Овластен економски оператор.

Ве известуваме дека денес, 03.07.2019 во периодот од 11 до 11:30 Порталот за трговци на новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) ќе биде времено недостапен од технички причини. Ги повикуваме застапниците доколку внесуваат декларација во системот, истата да ја сочуваат како нацрт или како образец пред 11 часот со цел непречено понатамошно процесирање.

Царинска управа 

 

Во текот на месец јуни, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани технички производи, медицински стерилизатор, лекови, облека, девизи, парфеми и друго.

Делегација на Царинската управа предводена од директорот м-р Ѓоко Танасоски зеде учество во активностите на 133-та и 134-та седница на Советот за царинска соработка на Светската царинска организација, што се одржа на во периодот од 27.06-29.06.2019 година, во Брисел-Белгија.

Почитувани,

Царинската управа ве известува дека почнувајќи од среда, 03.07.2019 година, новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) за увозни постапки се става во функција во сите царинските испостави, освен во царинските испостави Гевгелија – Отсек за стоково царинење (4020), Табановце – Отсек на стоково царинење (2030), Пошта Скопје (1025) и Скопје 3 (1013). Сите увозни декларации почнувајќи од овој датум во наведните царински испостави задолжително треба да се поднесуваат во СОЦДАД.

Уште еднаш напоменуваме дека основните услови за да можете да поднесeте електронска царинска декларација во СОЦДАД се:

-          да поседувате електронски потпис (сертификат);

-          да имате одобрен пристап до СОЦДАД;

-          доколку поднесување на декларации како застапници, потребно е во СОЦДАД да сте побарале и добиле Одобрение за застапување. Предуслов за ова е претходно најмалку еден вработен да побарал и добил лиценца за застапување во СОЦДАД;

-          сите одобренија поврзани со царински постапки мора претходно да бидат евидентирани во СОЦДАД.