На 9 октомври 2016 година на граничниот премин Ќафасан, при спроведување на редовна царинска контрола, царинските работници спречија обид за шверц на наркотично средство – марихуана.

Список на кандидати за полагање на стручниот испит за лиценциран застапник прв (теоретски) дел кој ќе се одржи на 12.10.2016 година во 10 часот во просториите на Испитниот центар ASSECO на улица Христо Смирненски бр.30 ламела 1 Скопје.

Постапувајќи по констатирани неправилности, Царинската управа на Република Македонија, во месец септември 2016 година, до надлежните јавни обвинителства  поднесе 9 кривични пријави против 12 физички лица и 2 правни лица.

Известуваме дека поради целосно искористување на количините на квоти предвидени за четвртото тромесечие од 2016 година за Европска унија има промена на царинските давачки во рамки на квота за стоките кои се распоредуваат во тарифните броеви 040690 и 2201.

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија две измами, повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, облека, очила со диоптер, козметички производи и техничка стока.

На 1 октомври 2016 година околу 10:30 часот, на граничниот премин Табановце за излез од Република Македонија се пријавил Џ.А.(59) државјанин на Република Албанија, управувајќи патничко моторно возило марка „Volkswagen “

Вчера (28.09.2016 година) царинските службеници спречија шверц на 12 килограми марихуана на ГП Блато.

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија два обиди за криумчарење марихуана и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, лекови, бои за тетовирање, лепила, транспортни ремени, контактори, украси за огради, облека, ловечка пушка и муниција и фалсификати.

Царинската управа на Република Македонија организира спроведување на претходна обука за лиценциран застапник.  

Царинската управа на Република Македонија организира спроведување на поправен испит за лиценциран застапник за кандидатите кои неуспешно го положија целиот, односно дел од стручниот испит.