Како дел од активностите организирани по повод одбележувањето на 14 април - Денот на Царинската управа, на 27 март 2019 година започнавме јавна кампања „Стоп за фалсификувани производи“. Кампањата  започна да се спроведува во СУГС ,,Орце Николов" од Скопје каде во просториите на училиштето беше поставен штанд на кој беа изложени примероци од запленети фалсификати. 

Царинските службеници од граничниот премин Табановце, спречија обид за шверц на голема количина опојна дрога марихуана.

Царинската управа јавно ве повикува и ве известува дека на ден 11.04.2019 година со почеток во 11:00 часот, во просторијата број 1 на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје кој се наоѓа на бул. „Гоце Делчев“ број 9б, ќе се спроведе полагање на стручен испит – втор дел (студија на случај) на кандидатите кои го положиле првиот дел (теоретски), со кој ќе се проверува теоретското знаење и стручната оспособеност на лиценцирани застапници, заради самостојна примена на царинските прописи во практиката.

На 26.03.2019 година, на локацијата Маркова нога во Преспанскиот регион, каде треба да се воспостави новиот граничен премин помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција, надлежните институции за негово воспоставување одржаа технички консултативен состанок во насока на размена на идеи за неговото функционирање согласно потпишаната спогодба помеѓу Владите на двете држави.

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани дрон, автоделови, водомери, редуцири, прехранбени производи, алат, девизи, парфеми, тоалетни води и фалсификати.

Во периодот од 19 март до 22 март 2019 година, делегација на Царинската управа на Република Северна Македонија учествуваше на Третиот семинар за олеснување на трговијата за директорите на евроазиските царински администрации во организација на Царинската служба на Република Кореја. Целта на овој семинар е натамошно зајакнување на односите на соработка помеѓу земјите од Евроазискиот регион.

18 mарт 2019 година - Според последните достапни податоци од НБРМ кои се однесуваат на третиот квартал од 2018 година, со платежни картички се направени трансакции во вредност од 100 милиони евра за купување онлајн што претставува 28% пораст во однос на истиот период минатата година. Од направените онлајн купувања најголем дел (63%) биле потрошени за купувања од странски е-трговци или скоро 63,34 милиони евра. Големината на вредноста на средства потрошени кон странски е-трговци покажува и колку е значајно поедноставувањето на увозните постапки.

Со поедноставувањето на увозните постапки за брзи пратки крајните корисници ќе заштедат време, ќе се зголеми ефикасноста при испорака на пратки и ќе се избегнат административните процедури кои беше потребно да се обезбедат од страна на примачот пред да се подигне пратката.

Царинската управа во насока на подготовка на царинските застапници за работа со новиот систем за обработка на царински декларации подготви програма за обука. Согласно оваа програма царинските застапници ќе можат да се запознаат со начинот на работа со системите СОЦДАД и ИТО, основни системи за спроведување на царинските постапки. 

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија еден обид за криумчарење хероин и неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани  автомобил со бункер, автоделови, девизи и фалсификати. 

Комисијата за полагање на стручен испит за лиценцирани застапници назначена со Решение на директорот на Царинска управа, по разгледувањето на вашите Барања/Пријави за полагање односно повторно полагање на стучен испит и прилозите доставени кон истите, (пристигнати заклучно со 15.03.2019 година), утврди дека кандидатите наведени подолу во табелата ги исполнуваат законски предвидените услови и истите на ден 20.03.2019 година со почеток во 13:00 во просторијата број 1 на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје (кој се наоѓа на бул. „Гоце Делчев“ број 9б), ќе го полагаат првиот дел (теоретски) од стручниот испит.