Денес  во просториите на Царинската управа беше остварена средба меѓу директорот на Царинската управа г-дин Ѓоко Танасоски и амбасадорот на Кралството Холандија г-дин Вилем Ваутер Пломп.

Се известуваат царинските обврзници кои царинските процедури ги спроведуваат на ЦИ Аеродром Скопје дека на ден 17.01.2018 година, од 16:30 часот па сè до 19:00 часот, како и на ден 18.01.2018 година, од 15:00 часот па сè до 19:00 часот, нема да бидат во можност да вршат откуп на товарни листови, подигнување на оцаринета стока и други карго операции, заради спроведување на дополнителни мерки на надзор и безбедност, поради посета на висока делегација.

Во текот на изминатите две недели, царинските службеници спречија неколку обиди за криумчарење на разна стока, при што привремено се задржани фалсификати, семенски материјал, читачи за патарина, употребувани алати, регистарски таблички, облека, девизи и цигари.

Постапувајќи по констатирани неправилности, Секторот за контрола и истраги во Царинската управа на Република Македонија, во месец декември 2017 година, до надлежните јавни обвинителства поднесе 7 кривични пријави против 7 физички лица и 7 правни лица.

Во текот на последните две недели од 2017 година царинските службеници спречија два обиди за криумчарење дрога. 

На 27.12.2017 година во просториите на Царинската управа се оствари билатерална средба  на тема ,,Регионална соработка на полето на контрола на извоз на стратешки стоки” помеѓу претставниците на Комисијата за контрола на трговијата со стратешки стоки на Република Косово и претставници на Царинската управа на Република Македонија.

Од 1 јануари 2018 година започнуваат да се применуваат одредбите од Законот за изменување и дополнување на законот за акцизите („Сл. весник на РМ“ бр. 171 од 28.11.2017 година) и Правилникот за дополнување на правилникот за спроведување на законот за акцизите („Сл. весник на РМ“ бр. 180 од 11.12.2017 година).

Со измените и дополнувањето во Законот за акцизите се зголемува акцизата на гасното масло од тарифните ознаки 2710 19 43 00, 2710 19 46 00, 2710 19 47 00, 2710 19 48 00, 2710 20 11 00, 2710 20 15 00, 2710 20 17 00 и 2710 20 19 00 за 3 денари. Износот на акциза за намена за погонско гориво ќе изнесува 15,121 денари, а како гориво за греење 6,136 денари.

 

Денес (19.12.2017 година) во просториите на ЕУ Инфо центарот, официјално беше одбележан почетокот на Твининг проектот „Зајакнување на институционалните и оперативни капацитети на Царинската Управа“.

Со цел да се избегнат подолги задржувања на граничните премини и да се обезбеди брз и безбеден проток на патници и стока, информираме дека политичката партија ВМРО – ДПМНЕ  најави дека во период од 19-24.12.2017 година  ќе врши блокирање на граничните премини и тоа:

  • ГП Табановце во вторник 19.12.2017 година од 17 до 18 часот
  • ГП Богородица во среда 20.12.2017 од 16 до 18 часот
  • ГП Ќафасан во четврток 21.12.2017 година од 17 до 18 часот
  • ГП Деве Баир во петок 22.12.2017 година од 17 до 18 часот
  • ГП Богородица во недела 24.12.2017 година од 16 до 18 часот

Во текот на изминатите три седмици откриени се повеќе обиди за криумчарење на разна стока, при што привремено се задржани облека, обувки, накит, мобилни телефони, кафемати, апарат за алко-тест, цигари, запалки, столарски пили, регистарски таблички и фалсификати.