Царинската управа на Република Македонија организира спроведување на поправен испит за лиценциран застапник за кандидатите кои неуспешно го завршија полaгањето на испитот.

Директорот на Царинската управа г-дин Ѓоко Танасоски на 15.11.2017 година, во просториите на Царинската управа одржа работна средба со царинското аташе на Република Франција г-дин  Пиер Бујон.

Во текот на минатите две седмици се откриени повеќе обиди за криумчарење на разна стока,  при што привремено се задржани резервни делови за трактори и камиони, цигари, текстилни материјали, обувки, лед-рефлектори и фалсификати.

Царинската управа на Република Македонија заради олеснување на работата на текстилните фабрики и на сите учесници во царинската постапка од денес 13.11.2017 година воведува  ново продолжено работно време, како и можност за царинење во сабота во царинската испостава Штип.

Во просториите на Царинската управа, денес (09.11.2017 година) се одржа презентација инициранa од стопанските комори и поддржанa од повеќе профили на учесници (увозници, извозници, застапници во царински постапки и професори), на која презентиран беше патоказот по кој ќе се менуваат прописите во царинското работење во период од 5 години.

Заменик директорот на Царинската управа, г-дин Лавдрим Велиу и вд Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“, проф. д-р Азиз Положани денеска (9.11.2017 година) потпишаа Меморандум за соработка меѓу Царинската управа и Универзитет „Мајка Тереза“.

Во рамките на Твининг проектот „Зајакнување на оперативните и институционалните капацитети на Царинската управа“ во периодот од 6-10 ноември 2017 г. во Скопје, се одржува правата работилница за Изработка на Стратегија на Царинската управа како и Стратегија за обуки.

Царинските службеници на граничниот премин Блаце, на влез во Република Македонија, во соработка со Министерство за внатрешни работи, на 31 октомври 2017 година запленија околу еден тон  марихуана, што досега е најголема количина на запленета дрога во еден случај во Република Македонија.

Во рамките на мисијата за проверка на усогласеноста на прописите околу контрола на сите извори на јонизирачко зрачење на територијата на Република Македонија, што на предлог на Дирекцијата за радијациона сигурност ја спроведува специјализирано тело на Меѓународната агенција за атoмска енергија, специјализирано за  интегриран преглед на регулаторна рамка која се обезбедува од МААЕ (Integrated Regulatory Review Service), во просториите на Царинската управа, вчера (31.10.2017 година) беше презентиран едношалтерскиот систем EXIM за издавање на извозни и увозни дозволи и распределување на тарифни квоти.

Во текот на минатата недела се откриени неколку обиди за криумчарење на разна стока,  при што привремено се задржани цигари, домашна ракија, кожни јакни, бунди од природно крзно, облека и фалсификати.