Во рамки на видео работилница, претставници на Царинската управа и на Министерството за финансии, заедно со колегите од австриската царина учествуваат на повеќе-дневна работилница за реформа на царинското законондавство. Работилница се одржува во рамките на новиот твининг проект за Подобрување на наплатата на приходи и подобрување на даночната и царинската политика, финансиран од страна на Европската унија.

Во рамки на проектот предвидена е изртаботка на нов Царински закон што ќе биде целосно усогласен со новиот Царински закон на Унијата, што се применува од 2016 година и кој треба да придонесе за понатамоишно забрзување и поедноставување на царинските постапки.

20200519_094338
20200519_094338
20200526_090430
20200526_090430
20200526_090440
20200526_090440
Previous Next Play Pause
1 2 3

 

Царинската управа ги известува приватните здравствени установи, аптеките и производителите на лекови, помошни лековити средства и средства за дезинфекција кои се иматели на одобрение за повластен корисник дека  на 14 мај 2020 година е донесена и објавена во Службен весник број 125/2020 Уредба со законска сила за изменување  на Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите* за време на вонредна состојба  со која рокот за поднесување на гаранција за обезбедување на плаќање на акцизниот долг кој може да настане за акцизните добра кои се наоѓаат во постапка на акцизно одложување е заклучно со 31 декември 2020. 

Скопје, 21.05.2020

 

 

Во организација на Царинската управа во рамки на македонското претседателство со ЦЕФТА Поткомитетот за царина и потекло на стоки, преку видео конференциска врска денеска се одржа 19ти состанок. 

Царинската управа во рамките на македонското претседателство со ЦЕФТА Поткомитетот за царина и потекло на стоки во четврток 14.05.2020 година ќе го организира 19-тиот состанок на Поткомитетот за царина и потекло на стоки. 

Во сегашните услови на глобалната пандемија на COVID-19 низ целиот свет, а со цел да им се помогне на земјите да го забрзаат прекуграничното движење на медицински средства чија побарувачка е зголемена, Светската царинска организација (СЦО) и Светската здравствена организација (СЗО) пристапија кон координативен пристап на соработка.

Како резултат на заедничкиот напор на двете организации подготвена е референтна табела со тарифно распоредување согласно Номенклатурата на ХС (Хармонизиран систем)  на медицински производи кои се неопходни во справувањето со пандемијата, а со цел на зачувување на јавното здравје.

Оваа табела е дадена за полесно идентификување и тарифно распоредување на  медицинските средства потребни за време на пандемијата со цел полесно прекугранично движење, примена на непредвидени тарифни и нетарифни мерки, мониторинг, борба против фалсификувани материјали или превземање на мерки за решавање на нивниот недостаток. 

Препорака на СЦО

Почитувани,

ве известуваме дека планираната хардверска миграција на царинската апликација НКТС е успешно завршена.

Царинската управа денес иницијално го започна Проектот за модернизација на дигиталното царинско работење финансиран од Царината на Јужна Кореа. Корејската царина како една од водечките царини во светот во наредните две години ќе работи на подобрување на дигиталните царински постапки преку анализа на тековните царински постапки и споредба со најдобрите меѓународни практики и постапките во Јужна Кореа, како и развој на најсоврени дигитални постапки во областа на брзите пратки, прекуграничната електронска трговија и царинските постапки за мали пратки во поштенскиот сообраќај.

Официјален почеток на проектот е предвиден за средината на мај со присуство на Директорот на Царинската управа – Ѓоко Танасоски  и Министерката за финансии – Нина Ангеловска 

1
1
2
2
3
3
Previous Next Play Pause
1 2 3

Почитувани,

ве известуваме дека царинската апликација НКТС во сабота (09.05.2020) во периодот од 16:00 до 20:00 часот не да биде во функција, поради миграција на нова хардверска опрема.

Се надеваме на разбирање.

 

Република Северна Македонија преку Царинската управа е првата држава во ЦЕФТА што достави официјално барање за започнување на процесот за меѓународно признавање на издадените одобренија за Овластен економски оператор (ОЕО) за царински поедноставувања и за безбедност и сигурност. Можноста за меѓусебно меѓународно признавање стапи во сила на 01.04.2020 година со стапување во сила на Одлуката бр. 1/2019 година на Мешовитиот комитет на ЦЕФТА за воспоставување на процедура за меѓусебно признавање на националните програми за ОЕО.

Доставеното барање до Секретаријатот на ЦЕФТА е официјален почеток на постапката за меѓусебно признавање што треба да трае 3-6 месеци во кој период од страна на Комисијата за валидација составена од претставници на ЦЕФТА страните и Европската Комисија треба да биде проверено целокупното законодавство и постапката за издавање на ОЕО, како и издадените одобренија. По случаен избор ќе биде извршена и проверка кај неколку иматели на ОЕО.

Статусот на ОЕО е меѓународно признаена марка за квалитет, која укажува на тоа дека економските оператори во Република Северна Македонија (производители, извозници, увозници, шпедитери, транспортери) во меѓународниот синџир на снабдување се безбедни и сигурни и дека нивните царински контроли и процедури се ефикасни и усогласени.

Овластен економски оператор (ОЕО) е субјект што е одобрен од царинските администрации да користи олеснувања во поглед на царинските контроли поврзани со безбедноста и сигурноста и/или поедноставувања пропишани со царинските прописи. Покрај увозници и извозници за едно вакво одобрение може да аплицира и производител, превозник, застапник во царински постапки, имател на царински склад, доколку ги исполнуваат пропишаните критериуми и услови.

Придобивки од поседување на ОЕО се повеќекратни и тоа како директни, така и индиректни. Директни придобивки се: поголема ефикасност во сопствен внатрешен систем и процеси, претходно известување во случај на селекција за царинска контрола, полесен пристап до царински поедноставувања, приоритетен  третман доколку е селектиран за контрола, можност ОЕО да побара друго место за контроли и зголемена соработка со царинские органи, но и други државни органи.  

Од индиректни придобивки би ги одвоиле: намалени безбедносни и сигурносни инциденти, намалени кражби и загуби, односно заштита на производи, објекти, опрема, информации и ресурси од кражба, употреба на лого што е корисно како маркетиншка алатка,  сигурен и доверлив партнер во  бизнис.

Со постапаката на меѓународно признавање, практично кажано, доколку една македонска компанија има статус на меѓународно признаен ОЕО, при извозот на стоки во која било земја на ЦЕФТА, таа ќе има третман на „домашна“ компанија, како компаниите на земјата-домаќин. Истиот третман ќе го имаат и ОЕО при увозот во Република Северна Македонија.

Во рамките на македонското претседателаство со ЦЕФТА Поткомитетот за царини потекло на стоки започнати се иницијативи овој процес на меѓусебно и меѓународно признавање да важи и со земјите-членки на ЕУ.

Како резултат на кризата создадена од пандемијата COVID-19, се појавуваат прашања кои се однесуваат на примена на царинските прописи во постапката за донесување на одлуки, царинските постапки и царинските формалности, како и примена на постапките поврзани со акцизните добра, особено во делот на постапувањата со етил алкохолот наменет за здравствените установи и претпријатијата за произодство на средства за дезинфекција. За одредени случаи кои се наведени подолу, утврдени се постоечки одредби во царинските и акцизните прописи кои обезбедуваат соодветни решенија, во овие исклучителни околности.