Царинската управа на Република Македонија ги поканува економските оператори да присуствуваат на презентацијата за измените на Царинскиот закон, што ќе се одржи  на 23.08.2018 г. (четврток) во амфитеатарот на први спрат во Царинската управа, со почеток во 10,30 часот.

Целта на презентацијата е економските оператори да се запознаат со измените на Царинскиот закон во делот на прекршочните одредби (Службен весник на РМ број 144 од 03.08.2018 г.). На презентацијата ќе бидат дадени и примери со цел да се развие дискусија за истите. 

Со почит,

Царинска управа на Република Македонија

Со оглед на тоа дека транспарентноста и отчетноста претставува врвен приоритет за Царинската управа, ги демантираме во целост обвинувањата во текстот со наслов: “КОЛОНИ КАМИОНИ ЗАГЛАВЕНИ НА БОГОРОДИЦА, ОД ЦАРИНАТА НЕ КАЖУВААТ ЗОШТО, ВЕЛАТ НА ПРЕМИНОТ Е НОРМАЛНО”, што е објавен на вашиот портал „Сакам да кажам“ на ден 16.08.2018 година.

На  9-ти и 15-ти август 2018 година делегации на Царинската управа на Република Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, предводени од директорот на Царинската управа г-дин Ѓоко Танасоски и  г-дин Никола Бертолини, шеф за операции, реализираа посети на граничните премини Табановце Автопат, Деве Баир, Ќафасан, како и на постојната инфраструктура на областа Маркова нога.

Посетите се реализираа во рамките на повеќегодишната соработка  и постојаната поддршка на царинското работење во Република Македонија, од страна на Европската унија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, за негово приближување кон стандардите на Европската унија.

При посетата на ГП Табановце Автопат извршен е увид во користењето и функционланостите кои се овозможени преку реализираниот  инфраструктурен проект за надградба на објектите на овој граничен премин. На 30-ти мај 2018 година, по официјалниот настан, на кој беше пуштен во употреба новиот царински терминал на граничниот премин Табановце, како и двете коловозни ленти на излезот од преминот,  финансиран од Европската унија, оценето е дека  придобивките од проектот, и покрај краткиот период од неговото завршување,   веќе ги даваат првите резултати во олеснување на прекуграничната трговија долж Коридорот 10 и спроведувањето на царинските постапки во модерни капацитети и услови. 

При посетата на граничниот премин Ќафасан делегациите беа запознаени со напредокот во реализацијата на проектот „Надградба на објектите за царинење и инспекција на Граничниот премин за патен промет Ќафасан“ во рамките на Инструментот за предпристапна помош на Европската унија (ИПА) со средства алоцирани за Програмата 2013. При посетата е заклучено дека напредокот на проектот е задоволителен и дека истиот се очекува да биде реализиран до крајот на 2018 година. Се очекува дека  со градбата на нов царински терминал за товарен сообраќај од  9,5 илјади м2, новата  зграда за царински постапки, објекти за преглед на товарни возила и магацин, зграда со пропратни содржини да се создадат поповолни инфраструктурни услови на овој најфреквентен граничен премин кон Република Албанија. Со тоа се овозможува дополнително забрзување на царинските и прекуграничните формалности на сè поголемиот интензитет на размена на стока и патници преку истиот.  При посетата на Охридско –преспанскиот регион посетена е областа Маркова нога, за запознавање со локаната инфраструктура.

DEVEBAIR
DEVEBAIR
DEVEBAIR2
DEVEBAIR2
KAFASAN
KAFASAN
MARKOVANOGA
MARKOVANOGA
TABANOVCE
TABANOVCE
TABANOVCE2
TABANOVCE2
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6

Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани скенер со софтвер за забарска протетика, лед светилки и делови за нивна монтажа, готови пари, рачни часовници, гасен пиштол и муниција за гасни пиштоли.

Во текот на минатите две недели, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани офталмолошки производи, очила со диоптер, моторцикли, делови за машина за конфекција, автоделови, облека, шноли, стегачи за коса, карти за играње, парфеми, рачни часовници, етикети, гумени чизми, црева за хидранти, туш батерии и фалсификати.

Во Службен весник на Република Македонија број 84 од 09.05.2018 година е објавен Законот за ратификација на измената на Протоколот 2 кон Договорот за слободна трговија помеѓу Република Македонија и Република Турција, изменет со Одлуката број 1/2018 на Мешовитиот комитет, воспоставен со Договорот за слободна трговија помеѓу Република Македонија и Република Турција.

Министерството за надворешни работи во Службен весник на Република Македонија број 129 од 12.07.2018 година објави дека Одлуката број 1/2018 на Мешовитиот комитет воспоставен со Договорот за слободна трговија помеѓу Република Македонија и Република Турција, потпишана во Анкара на 30 јануари 2018 година и ратификувана од двете страни, стапува во сила на 1 август 2018 година.

Ова значи дека за извоз во Турција од 1 август 2018 година се применува Регионалната конвенција за Паневромедитерански преференцијални правила за потекло, објавена во Службен весник на Република Македонија број 66/2012 година.

Република Македонија ја извести Европската комисија за да изврши измена на последната Објава на Комисијата која се однесува на примената на Регионалната конвенција за Паневромедитеранските преференцијални правила за потекло или на протоколите за правила за потекло кои овозможуваат дијагонална кумулација помеѓу договорните страни на Конвенцијата (Службен весник на ЕУ серија Ц 73 од 09.03.2017 година). 

По добивање на известување од Европската комисија за примена на дијагонална кумулација со останати земји, Регионалната конвенција ќе може да се применува и со тие земји со кои тоа ќе биде наведено и тоа известување дополнително ќе биде објавено.

 

Огласите се објавени во дневните весници Нова Македонија и Коха на 25.07.2018 година.

Јавен оглас бр. 2/2018

 

Царинската управа на Рeпублика Македонија  денес потпиша меморандуми за соработка со Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и ДХЛ Експрес Македонија.

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија три царински измами и спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани рачни часовници, очила за сонце, ремени, паричници, алати, делови за автомобили, козметика, приврзоци, бижутерија, гранитни плочки, облека, патенти, ќеси и цигари.

Во рамки на Летната програма за посета на најголемите извозници, претставници на Царинската управа предводени од директорот г-дин Ѓоко Танасоски, на 20 јули 2018 година, ја посетија компанијата Алкалоид АД – Скопје.