На 29.01.2020 година Државниот инспекторат за животна средина во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање и Царинската управа, извршија вонреден инспекциски надзор на 15 камиони  со отпад (РДФ) од Италија. Камионите беа  запрени на влез на граничниот премин Богородица.

Од отпадот беа земени мостри, а со цел поголема веродостојност на резултати, земените мостри беа доставени до Истражен центар за животна средина во Република Естонија.  Врз основа на резултатите од анализата на двете мостри од РДФ отпад направени во независната лабораторија на Естонија потврдено е дека испитаните параметри се во согласност со дозволените граници наведени во Европскиот стандард за Цврсти обновени горива EN 15359:2011.  

Според стандардот, РДФ отпадот е класифициран во 5 дозволени класи врз основа на три параметри:
•    нето калорична вредност (топлинска енергија при согорување на енергенсот, која укажува на перформансите на отпадот),
•    содржината на хлор (кој укажува на техничкото однесување)
•    содржина на жива (која укажува на влијание на околината)
во енергенсот.     

Оттука според стандардот EN 15359:2011 првата испитана мостра од РДФ припаѓа на трета класа според нето калоричната вредност (во граници на нормала), четврта класа според содржина на хлор (во граници на нормала) и четврта класа според содржина на жива (во граници на нормала).     

Втората испитана мостра од РДФ припаѓа на трета класа според нето калорична вредност (во граници на нормала), трета класа според содржина на хлор (во граници на нормала) и  четврта класа според содржина на жива(во граници на нормала).   
   
Согласно горенаведеното, мострите ги задоволуваат барањата на Европскиот стандард за Цврсти обновени горива.

Kако дел од активностите за превентивно дејствување и заштита од влез на вирусот на болеста африканска чума кај свињите на територијата на Република Северна Македонија Агенцијата за храна и ветеринарство изготви постери и флаери и истите ги достави до Царинската управа.

Царинската управа на Република Северна Македонија организира и спроведува претходна обука за лиценциран застапник. Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат „Пријава за посетување на претходна обука и полагање на стручен испит“ и соодветно платен надоместок најдоцна до 10.02.2020 година.

Царинската управа ве информира дека поради лошите временски услови, во период од 21:00часот (05.02.2020) до 08:00 часот (06.02.2020) ќе има забрана за влез на товарни моторни возила во Р.Грција на граничниот премин Ники.
Во текот на утрешниот ден навремено ќе ве известиме доколку забраната за ТМВ продолжи.

   

Во текот на месец јануари, царинските службеници открија 4 илегални мигранти и повеќе обиди за криумчарење стока, при што се задржани моторцикл, делови за моторни возила, облека, женски чанти, обувки, статуетки, футроли за очила и цигари.

Со цел обезбедување на транспарентно и точно информирање, а во контекст на пишувањата во некои медиуми дека во Република Северна Македонија се увезува масло за кое анализите на хрватските власти покажале дека е канцерогено, ја известуваме јавноста дека: по анализата на хрватската царинска лабораторија, маслото кое се споменува е со содржина на сулфур од 0,69% и PCB помалку од 1 mg/kg. Согласно хрватските закони, горната граница на дозволен сулфур во мазут е 1%, додека концентрацијата на PCB мора да е помала од 20 mg/kg.  Согласно официјалните податоци, ја известуваме јавноста дека изнесените тврдења се неточни во целост.

Почитувани,

Царинската управа организира дополнителна обука за лиценциран застапник согласно член 33 од Законот за застапување во царинските постапки („Службен весник на РМ бр. 180/14,154/15, 192/15 и 23/16). Согласно член 12 став (1) од Законот за застапување во царинските постапки („Службен весник на РМ бр. 180/14,154/15, 192/15 и 23/16) Царинската управа ја одзема издадената лиценца за вршење на застапување во царински постапки ако лиценцираниот застапник два пати последователно не присуствувал на дополнителната обука од член 33.

Врз основа на чл. 22  и 23 од Законот за работните односи  Пречистен текст - („Службен весник на РМ" бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15,  27/16, 120/18 и Службен весник на РСМ“ бр.110/19)  в.в. со член 14, член  22 став 1 алинеја 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработени во јавниот сектор (Службен весник на РМ“ бр.27/14, 199/14,  27/16, 35/18, 198/18 и Службен весник на РСМ“ бр.143/19), Правилникот за организација и работа на Царинска управа број 02-017435/1 од 06.10.2015 година, број 01-065421/15-0004 од 27.10.2015 година, број 04-065421/15-0012 од 21.06.206 година, 04-065421/15-0041 од 25.06.2019 година, Правилникот за систематизација на работните места во Царинската управа број 02-14736/1 од 06.10.2015 година, број 01-065421/15-0007 од 25.02.2016 година број 01-065421/15-0013 од 21.06.2016 година, број 04-065421/15-0035 од 09.07.2018 година, број 04-065421/15-0040 од 25.06.2019 година и 04-065421/15-0048 од 21.11.2019 година и известувањето од Министерството за финансии број 18-1405/2 од 30.01.2020 година Царинската управа  објавува:

 

                                                                   ЈАВЕН ОГЛАС бр. 2/2020

                   за вработување на 1 (еден) извршител на определено работно време, поради привремено

                                 зголемен обем на работа, до крајот на тековна фискална година (2020)

 

Царинската управа објавува оглас за вработување на 1 (еден) извршител на определено време до крајот на тековна фискална година (2020):

1. Инспектор за работа со информации во регион во одделение за разузнавање во Сектор за контрола и истраги, 1 извршител, 

Општи услови за сите работни места:

  • да е државјанин на Република Македонија, 
  • активно да го користи македонскиот јазик, 
  • да е полнолетен, 
  • да има општа здравствена способност за работното место и 
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови за работно место: Инспектор

  • ниво на квалификации: најмалку вишо или средно образование, 
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);
  • без работно искуство.

Кандидатите  потребно е да ги достават следните документи: (во оргинал или копија заверена на нотар)

  • Доказ за државјанство;
  • Доказ дека не им е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност (од суд или Централен регистар);
  • Доказ уверение - диплома за завршен степен на образование (средно образование – сите свидетелства од прва до четврта година и диплома за завршено средно образование);
  • Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
  • Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски јазик); 

Распоред на работно време: Работни часови во неделата: 40 часа,

Работно време: од понеделник до петок од 08,30 до 16,30 часот

Паричен износ на основна нето плата за работно место: Инспектор за работа со информации во регион–29.816,00 денари.

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2020 година.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Кандидатите се должни да поднесат Пријава која е објавена на интернет страната на Царинска управа www.customs.gov.mk. Пријавата се пополнува согласно напатствијата дадена во неа со читлив и јасен ракопис. Кон пријавата кандидатите ги доставуваат бараните докази за исполнување на условите.

Рокот за доставување на Пријавите со потребните документи изнесува 3 (три) работни денови од денот на објавувањето на огласот, односно најдоцна до 05.02.2020 година (среда). 

Изборот на кандидатот ќе се изврши во рокот определен согласно член 23 став 2 од Законот за работните односи. 

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Царинска управа  или по пошта на следната адреса: Ул.„Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје, Архива на Царинска управа (со назнака „за оглас за вработување бр. 1/2020“). Контакт телефонски број 02 3116 188  Сектор за управување со човечки ресурси при Царинска управа на РМ. 

Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат предмет на разгледување.

 

Со цел поголема безбедност и заштита на здравјето на граѓаните, а во контекст на актуелизирањето на увозот на отпад во Северна Македонија, дополнително е подигнат степенот на проверка и контрола на секаков вид отпад и материи кои би можеле да го загрозат здравјето на граѓаните.
 
Во таа насока денес, Државниот инспекторат за животна средина во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање и Царинската управа, извршија вонреден инспекциски надзор на 11 камиони  со отпад (RDF) од Италија, чија крајна дестинација е Цементарница УСЈЕ која поседува дозвола за користење на RDF отпад како алтернативно гориво. Камионите се запрени на влез на граничниот премин Богородица. Вкупна количина на отпадот е 261 тон.
 
По случаен избор од два камиона беа земени мостри, а другите камиони се органолетички прегледани. Со цел поголема веродостојност на резултати, земените мостри ќе бидат доставени до две лаборатории и тоа до Хемиската лабораторија на РЖ Техничка Контрола, како и до Истражен центар за животна средина во Република Естонија.  
 
Резултатите од анализите се очекуваат за околу десет дена, а се до добивањето на резултатите камионите со отпад ќе бидат складирани под соодветен надзор.
 
Инаку предметните пратки се декларирани како RDF отпад (Refuse derived fuel -RDF) кој претставува алтернативно гориво (согласно ЕУ стандардите) произведено од отпад кој содржи биоразградливи материјали. Неразградливите материјали се претходно отстранети во целост во сложена постапка на сортирање и рециклирање во инсталации за преработка на отпад, и истото се користи за генерирање на енергија (особено при производство на топла вода, тулани, цементарници и слични капацитети).

_1292804 (7)
_1292810 (5)
_1292812 (8)
_1292824 (7)
_1292860 (5)
_1292861 (5)
2 (8)
3 (6)
4 (6)
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6 7 8 9

Во 2020 година Царинската управа на Република Северна Македонија ќе претседава со ЦЕФТА поткомитетот за царина и потекло на стоки.

Приоритети на македонското претседателство се: понатамошно олеснување на трговијата со стоки и меѓусебно признавање на ОЕО во рамки на ЦЕФТА, поголема интеграција на ЦЕФТА пазарот со пазарот на ЕУ и промовирањр на прекуграничната е-трговија.

Овие приоритети во изминативе денови во Брисел беа презентирани пред ЦЕФТА страните, меѓународните организации и донатори, како и пред Европската Комисија.

82414343_204715343994502_1090221772428541952_n
83180308_232033944456347_696782856646557696_n
83866446_603996997000205_6352705862888325120_n
84163326_594572501394081_6516085796057907200_n
84514303_500743554188617_8445480814472331264_n
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5