Имајќи ги предвид одредбите за увоз на стоки во рамки на квоти од Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европските заедници, Договорот за изменување и пристапување кон Централно-европскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) и Договорите за слободна трговија кои Република Македонија ги има склучено со Турција, Украина и ЕФТА државите, увозот во Република Македонија на одредени земјоделски производи со потекло од земјите членки на Европската унија, земјите членки на ЕФТА и Република Турција е либерализиран во рамки на тарифни квоти по принципот „прв дојден, прв корисник“, односно увозот на одредени земјоделски производи во рамки на договорените годишни количини се врши без плаќање или со плаќање на намалени увозни царински давачки.

Согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за начинот и постапката при распределба на стоките во рамки на тарифни квоти два пати годишно во Службен весник на Република Македонија во квартални количини се објавуваат Листи на стоки на тарифни квоти кои ќе се увезуваат во рамки на квота по принципот на распределба „прв дојден, прв корисник. Неискористените количини на квоти на крајот на секој квартал се пренесуваат во првиот нареден квартал (период од три месеци) како дополнување на утврдената количина на стоки од Листата на строки на тарифни квоти.

Согласно обвските од Договорот за пристапување на Република Македонија во Светската трговска организација (СТО), предвиден е безцарински увоз на пченица во рамки на годишно утврдени количини на тарифни квоти. Согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за начинот и постапката при распределба на стоките во рамки на тарифни квоти еднаш годишно во Службен весник на Република Македонија се објавува Листа на стоки на царински квоти по Договорот за пристапување на Република Македонија во СТО.

ПРОПИШАНИ КОЛИЧИНИ НА КВОТИ ЗА ПРВО ПОЛУГОДИЕ 2017

ПРОПИШАНИ КОЛИЧИНИ НА КВОТИ ВО СТО

ИЗМЕНА НА ЦАРИНСКИ ДАВАЧКИ ВО РАМКИ НА КВОТА

  • Информација од 13.04.2017 година
  • Информација од 04.04.2017 година
  • Информација од 09.01.2017 година
  • Информација од 03.01.2017 година

Распределбата на количините на тарифните квоти се врши преку Информациониот систем за обработка на податоци во електронски облик и електронски потпис при увоз, извоз и транзит на стоки – EXIM

Дневните извештаи за добиени потврди за распределени или делумно одбиени тарифни квоти како и тековната состојба на преостанати количини на тарифни квоти по земји се достапни преку Информациониот систем за обработка на податоци во електронски облик и електронски потпис при увоз, извоз и транзит на стоки – EXIM.

Упатства и придружни документи

УПАТСТВО ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА ТАРИФНИ КВОТИ

Прилог 1- Барање за распределување на тарифни квоти

Прилог 2 - Административна такса за електронска форма на барање

Прилог 3 - Административна такса за хартиена форма на барање