Меѓународна соработка

Drejtoria e doganave e Republikës së Maqedonisë në mënyrë aktive merr pjesë në punën e të gjitha organizatave ndërkombëtare nga fusha e punës doganore: Organizata botërore e doganave (OBD), Organizata botërore tregtare (OBT), Trupat e punës së OH, SELEC dhe të tjerë.

Република Македонија е членка на Светска царинска организација (СЦО)  од 1 јули 1994 година и активно учествува во нејзината работа. Основна цел на оваа организација, која е формирана како Советот за царинска соработка во 1952 година во Брисел, Белгија и во која денеска членуваат 180 држави од целиот свет, односно нивните царински служби, е динамично раководење со осовременувањето и поврзувањето на царинските служби во светот кој што брзо се менува преку обезбедување лидерство, насоки и поддршка на царинските служби за обезбедување и олеснување на законската трговија, остварувањето приходи, заштитата на општеството и изградбата на капацитететите. Организацијата стратешки се стреми кон промовирање на безбедноста и олеснување на меѓународната трговија, вклучувајќи поедноставување и усогласување на царинските постапки (економска конкурентност), промовирање на фер, ефикасно и ефективно собирање приходи, заштита на општеството, јавното здравје и безбедноста и придонес во борбата против криминалот и тероризмот (спроведување и усогласување на законите), градење и зајакнување на капацитетите (организациски развој), промовирање на Дигитална царина, посебно за поддршка на координираното гранично управување и размена на информации помеѓу сите чинители, унапредување на перформансите на царинските служби и спреведување на истражувања и анализи

 

Во Република Македонија во рамките на Економскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје е формиран и Регионален тренинг центар на Светската царинска организација.

 

Република Македонија е членка на Регионални разузнавачки канцеларии за врска (Regional Intelligence Liaison Offices – RILO). Под покровителство на Светската царинска организација воспоставена е мрежа на 11 канцеларии за размена на царински разузнавачки информации на регионално и глобално ниво кои имаат за цел да придонесат кон засилувањето и поголемата ефикасност во борбата против царинските измами и повредата на царинското законодавство, преку обезбедување на оперативна поддршка, дизајнирање и имплементирање на целно насочени проекти, разузнавачка анализа и обезбедување регионални разузнавачки операции, олеснување на взаемната помош, како и промовирање и одржување на регионалната соработка со други организации надлежни за спроведување на законите. Република Македонија припаѓа на регионот на Источна и Централна Европа, со централна канцлеарија во Варшава, Полска. Меѓу алатките кои се користат од страна на РИЛО се Царинска мрежа на спроведување на законите (Customs Enforcement Network –  CEN), глобална база на податоци која содржи информации за царински заплени споделени преку платформата CENcomm, која обезбедува безбедност на комуникациите во размената на оперативни информации меѓу членките и партнерите.

 

Република Македонија е член на Регионалниот СЕЛЕК - Центар за спроведување на законот во Југоисточна Европа од неговото формирање како СЕКИ – Регионален Центар за борба против прекуграничниот криминал во 1999 година, односно од 2000 година со неговото официјално започнување со работа. Во работата на СЕЛЕК учествуваат 12 држави членки: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Македонија, Молдова, Романија (седиштето на центарот е во Букурешт), Србија, Турција, Унгарија, Хрватска и Црна Гора. Основна цел на СЕЛЕК Центарот е, во рамките на соработката меѓу надлежните органи, е да се обезбеди поддршка за земјите-членки и унапредување на меѓусебната координацијата во спречувањето и борбата против организираниот криминал, вклучувајќи тежок и организиран криминал кој вклучува или се чини дека вклучува елементи на прекугранични активности.