Врз основа на чл. 22  и 23 од Законот за работните односи  Пречистен текст („Службен весник на РМ" бр. 62/05, 3/06, 44/06, 66/06, 16/07, 57/07, 77/07, 106/08, 161/08, 63/09, 114/09, 130/09, 149/09, 10/10, 16/10, 50/10, 52/10, 58/10, 124/10, 132/10, 158/10, 47/11, 11/12, 39/12, 52/12, 13/13, 25/13, 54/13, 170/13, 187/13, 34/14, 113/14, 145/14, 20/15, 33/15, 72/15, 74/15, 129/15, 167/15, 27/16, 134/16, 120/18 и Службен весник на РСМ“ бр.110/19, 90/20, 267/20, 151/21 ,288/21, 111/23, 39/25 и 74/25) )  в.в. со член 14, член  22 став 1 алинеја 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработени во јавниот сектор (Службен весник на РМ“ бр.27/14, 199/14,  27/16, 35/18, 198/18 и Службен весник на РСМ“ бр.143/19, 14/20, 95/20 и 302/20), Правилникот за организација и работа на Царинска управа број 01-036570/21-0001 од 17.06.2021 година,  Правилници за измена и дополнување на правилникот за организација и работа на Царинска управа број 01-036570/21-0033 од 02.12.2022 и број 01-036570/21-0050 од 29.12.2023 година, Правилникот за систематизација на работни места во Царинска управа број 01-036570/21-0002 од 17.06.2021 година и Правилници за изменување и дополнување на  Правилникот за систематизација на работни места во Царинска управа број 01-036570/21-0012 од 07.12.2021 година, број 01-036570/21-0017 од 04.01.2022 година , број 01-036570/21-0025 од 25.08.2022 година , број  01-036570/21-0032 од 02.12.2022 година, број 01-036570/21-0045 од 29.12.2023 година, број 01-036570/21-0055 од 07.08.2024 година, број 01-036570/21-0060 од 12.09.2024 година, број 01-036570/21-0069 од 15.12.2024 година и број  01-036570/21-0075 од 21.03.2025 и известувањето од Министерството за финансии број 19-3329/2  од 08.04.2025 година Царинската управа  објавува:

 

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 01/2025

за вработување на 50 (педесет) извршители на определено работно време, поради привремено зголемен обем на работа, до крајот на тековната фискална година (2025)

Царинската управа објавува оглас за вработување на 50 (педесет) извршители на определено време до крајот на  тековна фискална година (2025):

  1. Работно место од ниво В1 самостоен советник за алкохол и алкохолни пијалоци и тутунски производи во Одделение за алкохол и алкохолни пијалоци и тутунски производи во Сектор за акцизи во Царинска управа, 1 извршител
  2. Работно место од ниво В1 самостоен советник за надзор и проверка во Служба за надзор, проверка и аналитика во Одделение за надзор, проверка и координација во Сектор за акцизи, 1 извршител
  3. Работно место од ниво В1 самостоен советник за кадрови во Одделение за кадрови во Сектор за управување со човечки ресурси, 1 извршител
  4. Работно место од ниво В2 виш инспектор за контрола на трговски друштва во Одделение за контрола на трговски друштва во Сектор за контрола и истраги, 1 извршител
  5. Работно место од ниво В4 виш цариник во Отсек за стоков промет во Царинска испостава Меѓународен Аеродром Скопје, Царинарница Скопје, 3 извршители
  6. Работно место од ниво В4 виш цариник во Царинска испостава Скопје 3, Царинарница Скопје, 3 извршители
  7. Работно место од ниво В4 виш цариник во Царинска испостава Велес, Царинарница Штип, 1 извршител
  8. Работно место од ниво В4 виш цариник во Царинска испостава Струмица, Царинарница Гевгелија, 1 извршител
  9. Работно место од ниво В4 виш цариник во Царинска испостава Гевгелија, Царинарница Гевгелија, 1 извршител
  10. Работно место од ниво В1 самостоен советник за царински надзор во Служба за надзор на иматели на одобренија, Царинарница Битола, 1 извршител
  11. Работно место од ниво Г2 административен оператор во Служба за гаранции, Одделение за наплата на приходи, Сектор за финансиски прашања, 1 извршител
  12. Работно место од ниво Г4 техничар за поддршка и координација во Служба за корисничка подршка, Одделение за апликативна поддршка, Сектор за информатички и комуникациски технологии, 1 извршител
  13. Работно место од ниво В4 цариник во Царинска испостава Скопје 1, Царинарница Скопје, 3 извршители
  14. Работно место од ниво В4 цариник во Царинска испостава Скопје 2, Царинарница Скопје, 1 извршител
  15. Работно место од ниво В4 цариник во Отсек за патнички промет во Царинска испостава Блаце, Царинарница Скопје, 3 извршители
  16. Работно место од ниво В4 цариник во Отсек за патнички промет во Царинска испостава Табановце автопат, Царинарница Куманово, 10 извршители
  17. Работно место од ниво В4 цариник во Отсек за патнички промет во Царинска испостава Деве Баир, Царинарница Куманово, 5 извршители
  18. Работно место од ниво В4 цариник во Царинска испостава Штип, Царинарница Штип, 2 извршители
  19. Работно место од ниво В4 цариник во Царинска испостава Делчево, Царинарница Штип, 1 извршител,
  20. Работно место од ниво В4 цариник во Царинска испостава Велес, Царинарница Штип, 1 извршител,
  21. Работно место од ниво В4 цариник во Царинска испостава Гевгелија, Царинарница Гевгелија, 1 извршител
  22. Работно место од ниво В4 цариник во Царинска испостава Богородица, Царинарница Гевгелија, 3 извршители
  23. Работно место од ниво В4 цариник во Отсек за патнички промет во Царинска испостава Ќафасан, Царинарница Битола, 2 извршители
  24. Работно место од ниво В4 цариник во Отсек за патнички промет во Царинска испостава Меџитлија, Царинарница Битола, 2 извршители

 

Општи услови за сите работни места:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 

Посебни услови за работно место: Самостоен советник за алкохол и алкохолни пијалоци и тутунски производи, Одделение за алкохол и алкохолни пијалоци и тутунски производи, Сектор за акцизи:

  • ниво на квалификации VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, Правни науки, Организациони науки и управување (менаџмент)
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
  • најмалку три години работно искуство на царински работи или во струката.

 

Посебни услови за работно место: Самостоен советник за надзор и проверка во Служба за надзор, проверка и аналитика, Одделение за надзор, проверка и координација цариник, Сектор за акцизи

  • ниво на квалификации: VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, Правни науки, Организациони науки и управување (менаџмент)
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
  • најмалку три години работно искуство на царински работи или во струката.

 

Посебни услови за работно место: Самостоен советник за кадрови, Одделение за кадрови, Сектор за управување со човечки ресурси

  • ниво на квалификации: VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, Правни науки, Организациони науки и управување (менаџмент)
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
  • најмалку три години работно искуство на царински работи или во струката.

 

Посебни услови за работно место: Виш инспектор за контрола на трговски друштва, Одделение за контрола на трговски друштва, Сектор за контрола и истраги

  • ниво на квалификации: VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, Машинство, Организациони науки и управување (менаџмент),
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европска Унија (англиски, француски, германски),
  • најмалку две години работно искуство.

 

Посебни услови за работно место: Виш цариник

  • ниво на квалификации:VI Б според Македонската рамка на квалификации и најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, Правни науки, Организациони науки и управување (менаџмент),
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европска Унија (англиски, француски, германски),
  • без работно искуство на царински работи или во струката.

 

Посебни услови за работно место: Самостоен советник за царински надзор во Служба за надзор на иматели на одобренија во Царинарница Битола:

  • ниво на квалификации: VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, Правни науки, Организациони науки и управување (менаџмент),
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
  • најмалку три години работно искуство на царински работи или во струката.

 

Посебни услови за работно место: Административен оператор во Служба за гаранции, Одделение за наплата на приходи, Сектор за финансиски прашања:

  • ниво на квалификации: најмалку вишо или средно образование
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
  • најмалку две години работно искуство на царински работи или во струката.

 

Посебни услови за работно место: Техничар за поддршка и координација во Служба за корисничка поддршка, Одделение за апликативна поддршка, Сектор за информатички и комуникациски технологии:

  • ниво на квалификации: најмалку вишо или средно образование,
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
  • со или без работно искуство на царински работи или во струката.

 

Посебни услови за работно место: Цариник

  • ниво на квалификации: најмалку вишо или средно образование,
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европска Унија (англиски, француски, германски),
  • без работно искуство на царински работи или во струката.

 

Кандидатите  потребно е да ги достават следните документи: (во оригинал или копија заверена на нотар)

  • Доказ за државјанство;
  • Доказ дека не им е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност (од суд или Централен регистар);
  • Доказ уверение - диплома за завршен степен на образование; (за високо образование – диплома и уверение со изразен степен на образование, изразени кредити стекнати според ЕКТС и просек или за средно образование – сите свидетелства (од прва до четврта година) и диплома за завршено средно образование);
  • Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
  • Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски јазик);
  • Доказ за работно искуство (преглед на регистрирани податоци во матична евиденција издаден од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија/ Агенција за вработување) само за работните места каде што се бара работно искуство

 

Распоред на работно време: Работни часови во неделата: 40 часа,

Работно време: од понеделник до петок од 08,30 до 16,30 часот

 

Распоред на работно време во гранични царински испостави 12:24-12:48 часа

Работно време: од понеделник до недела

 

Распоред на работно време во царински испостави за стоков промет: работа во турнус

Работно време: од понеделник до сабота 12 часа дневна смена

 

Паричен износ на основна нето плата за работно место: Самостоен советник за алкохол и алкохолни пијалоци и тутунски производи – 51.641,00 денари, Самостоен советник за надзор и проверка– 51.641,00 денари, Самостоен советник за кадрови - 51.641,00 денари, Виш инспектор за контрола на трговски друштва 51.641,00 денари, Виш цариник – 49.664,00 денари, Самостоен советник за царински надзор - 51.641,00, административен оператор – 39.386,00 денари, Техничар за поддршка и координација - 39.386,00 денари, Цариник – 37.659,00 денари.

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2025 година.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Кандидатите се должни да поднесат Пријава која е објавена на интернет страната на Царинска управа www.customs,gov.mk на следната локација https://www.customs.gov.mk/mk-MK/pocetna/za-nas/nasata-uloga/vrabotuvanja.nspx

Пријавата се пополнува согласно напатствијата дадени во неа со читлив и јасен ракопис. Кон пријавата кандидатите ги доставуваат бараните докази за исполнување на условите.

Рокот за доставување на Пријавите со потребните документи изнесува 3 (три) работни денови од денот на објавувањето на огласот, не сметајќи го денот на објавување, односно најдоцна до 14.05.2025 година (среда).

Изборот на кандидатот ќе се изврши во рокот определен согласно член 23 став 2 од Законот за работните односи.

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Царинска управа  или по пошта на следната адреса: Ул.„Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје, Архива на Царинска управа (со назнака „за оглас за вработување бр.1/2025“). Контакт телефонски број 02 3116 188  Сектор за управување со човечки ресурси при Царинска управа на РСМ.

Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат предмет на разгледување.

 

Директор,

Бобан Николовски

 

Бр. 04-018714/25-0007

Скопје, 08.05.2025 година

 

 

Scroll to top

.