ЗАДОЛЖИТЕЛНА ТАРИФНА ИНФОРМАЦИЈА

Задолжителна тарифна информација (ЗТИ) претставува правен акт кој го издава Царинската управа за распоредување на стокa по Царинска тарифа, согласно член 19 од Царинскиот закон. ЗТИ се издава врз основа на поднесено писмено барање од страна на  заинтересираното лице, на образец даден во Прилог 1 од Уредбата за спроведување на Царинскиот закон. Барањето треба да се однесува само на еден вид на стока и се смета за потполно и уредно пополнето доколку ги содржи сите податоци кои се потребни за издавање на ЗТИ. Во зависност од видот на стоката, доколку е тоа потребно, кон барањето се приложува производителска спецификација (оригинал и превод), техничка документација, проспекти, фотографии, мостри или други расположиви документи, кои содржат податоци неопходни да се донесе oдлуката за распоредување на стоката согласно Царинската тарифа.

Доколку Царинската управа утврди дека барањето не е потполно и не ги содржи сите потребни податоци за издавање на ЗТИ, може да побара од подносителот на барањето да ги достави потребните податоци кои недостасуваат.

Законски предвидениот рок за издавање на ЗТИ изнесува три месеци и започнува да тече од моментот кога Царинската управа ги има сите потребни податоци за издавање на ЗТИ.

Доколку ЗТИ неможе да се издаде во рокот од три месеци од денот на прифаќањето на уредно доставеното барање, Царинската управа ќе го извести подносителот за причините на доцнењето и ќе го наведе рокот во кој смета дека ќе го издаде истото.

ЗТИ има важност три години од денот на издавањето.

БАРАЊЕ ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ТАРИФНА ИНФОРМАЦИЈА (ЗТИ)

НАСОКИ ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ на Барање за издавaње на ЗТИ

Информација за административна такса

 

На следниот ЛИНК се наоѓа курсот за електронско учење на Задолжителна тарифна информација (60 минути) кој е наменет како за царинските службеници, така и за деловната заедницата која ги применува царинските прописи.

 

Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) Отворен регионален фонд – Надворешна трговија изготви Техничко упатство за издавање на ЗТИ и Задолжителна информација за потекло (ЗИП) во Република Северна Македонија.

 

Издадените ЗТИ кои што се во важност може да ги најдете со пребарување во TARIM-DM во делот ЗТИ на следниот ЛИНК 

ЗТИ издадени од страна на ЦЕФТА договорните страни кои што се во важност може да ги најдете со пребарување на следниот ЛИНК 

Scroll to top

.