Заменик директор

Мустафа Даути

ОБРАЗОВАНИЕ: 

Универзитет во Сараево-Теолошки факултет

-Прв цикулус - Додипломски студии

Факултет за правни науки

-Втор циклус- Магистер по правни науки

РАБОТНО ИСКУСТВО

2025-тековно

Заменик Директор-Царинска Управа на Република Северна Македонија

2004-2023

Ивз 

- Референт и одговорен за Сектор Образование

- Советник за внатрешни и надворешни работи, за меѓурелигиски, правни, социјални и политички прашања

- Член на тесното и највисокото раководно тело

- Координатор на проект за спречување на насилен екстремизам радикализам што водат кон тероризам

- Претседател на Невладина хуманитарна организација

- Директор на секторот за надворешни работи (контакти со меѓународен фактор-ОБСЕ, ЕУ и внатрешниот сектор)

УЧЕСТВО НА КОНФЕРЕНЦИИ И ОБУКИ

- Активен учесник и панелист на бројни меѓународни конференции, форуми и работилници поврзани со спречување на насилен екстремизам, странски терористички борци и религиозна толеранција, организирани од ОБСЕ, ИОМ,НАТО, Европската Унија, Партнерство за мир - конзорциум (PFPC), RAN, GCERF,
како и од институции на Република Северна Македонија. Панелист и говорник на повеке меѓурелигиски и безбедносни настани со учество на високи претставници од ЕУ, ОН, НАТО, САД и земјите од Западен Балкан.

- Дел од работна група за борба против тероризам на ОБСЕ - Организација за безбедност и соработка во Европа присуство во Албанија, Партнерство за мир - конзорциум (PFPC), Канцеларија на премиерот државна разузнавачка служба, Странски терористички борци и нерегуларни миграциски патеки: превенција и отпорност, Драч, Албанија 13-15.09.2016 година

- Дел од работна група за борба против тероризам, Мрежа на странски терористички борци: закани, предизвици и одговори, Партнерство за мир конзорциум (PFPC), Германија 30-31.05.2017 година

- Дел од работна група на тема Странски терористички борци - унапредување на мерките за превенција и градење отпорност организирана од ОБСЕ, Амбасада на САД во Македонија и Владата на Република Северна Македонија, Скопје, 7-9.11.2017 година

- Учество и панелист на Конференција RAN-HLC (Referral, Assessment and Networking of High-Level Contact Points) - Европската мрежа за спречување на насилен екстремизамво Брисел, 23-24.10.2019 година, на која конференција учествуваа над 150 претставници од 27 земји-членки на ЕУ, како и претставници од меѓународни организации, Европската комисија, Европскиот парламент, Советот на Европа, НАТО и Обединетите нации. Учество во панелдискусии и размена на искуства со европски претставници

- Учесник и панелист на работилница организирана од Меѓународната организација за миграција - ИОМ, која се занимава со меѓурелигиски мултиконфесионален дијалог преку платформата за дијалог, во рамките на регионалниот проект „Превенција на насилен екстремизам преку локални гласови и иницијативи на Западен Балкан", финансиран од Бирото за контратероризам при Американскиот Стејт Департмент во соработка со Националниот комитет за превенција на насилен екстремизам и борба против тероризмот (23.12.2020 година)

- Учесник и панелист на работилница организирана од Меѓународната организација за миграција - ИОМ, која работи на Меѓурелигиската и мултиконфесионална платформа за дијалог, во рамки на регионалниот проект „Спречување на насилен екстремизам преку локални гласови и иницијативи на Западен Балкан" и во соработка со Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот (23.02.2021 година)

- Учество и панелист на конференции за религиозна толеранција Финансиска транспарентност организирани од страна- 2021 година

- Учество на Форум за регионално финансирање на верски организации (2021 година) на тема Транспарентност во работењето и улогата на верските заедници во превенција на екстремизам

- Учество и панелист на Стратешка конференција на НАТО и Европската Унија - Софија, 17-18.02.2022 година, посветена на борбата против тероризмот и
насилниот екстремизам

- Обука на НПО за спречување перење пари и финансирање тероризам (25.02.2022 година)

- Учество и панелист во повеќе работилници на ОБСЕ и Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам - 2022 година

- Презентација при посета на висока делегација од GCERF (Global Community Engagement and Resilience Fund) - меѓународен фонд кој финансира проекти за
граѓанска ангажираност и отпорност против насилен екстремизам - Скопје, 2022 година 

- Учество и панелист на Меѓународна конференција „Рестратегизирање: Новиот стратешки концепт на НАТО и стратешката компас на ЕУ" (1 декември 2022), Софија, Република Бугарија, Присутни земји:САД, Велика Британија, Франција, Полска, Северна Македонија, Косово, Албанија, Црна Гора. Свое излагање за безбедносни предизвици и меѓурелигиски аспекти на стабилноста

- Обука организирана преку под-грант на Конект како дел од грантот на Human Security Collective во рамки на Глобалната програма на GIZ за нелегални финансиски текови во Западен Балкан и Перу, 12-13.07.2022 година, Скопје, Х.Арка

- Обука на Мoneyval ЕВАЛУАЦИЈА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА МИСИЈА НА ТЕРЕН, 21.09-04.10.2022 година

- Учество и панелист на Конференција организирана од НВО „Отворена врата“ воХотел „Александар Палас“, Скопје на тема: Истражување на социоекономскиот контекст на радикализмот и насилниот екстремизам. Учество во дискусија по презентацијата на завршниот извештај

- Учество и панелист на повеќе настани организирани од KShH - Проект за меѓурелигиски дијалог и толеранција на Западен Балкан

- Дел од Проект GCERF (Фонд за ангажман и отпорност на заедницата) co улога координација и имплементација на активности за отпорност на заедницата
кон екстремизам

- Дел од Проект PAVE (Preventing and Addressing Violent Extremism) со учество во имплементација и поддршка на истражувањата

- Средба со висока делегација од Стејт Департментот на САД (29.03.2023 година), г-ѓа Шана Батен Агире, Висока советничка за правда против тероризам,
Канцеларија за програми, Биро за контратероризам, Стејт Департментот на САД, г. Џо Болдуин, Регионален советник за правни прашања за контратероризам,
Министерството за правда на САД - OPDAT, г. Алан Колинс, Висок советник за корекции во Дирекцијата за извршување на санкции на Република Северна
Македонија, г-ѓа Миа Дибенедето, специјалист за надворешни работи, Канцеларија за програми, Биро за контратероризам, Американскиот Стејт Департмент, како иг. Бил Сејџ, Висок советник, Американскиот Министерство за правда -ІСITAP.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

- Член на Radicalisation Awareness Network (RAN) - платформа на Европската Унија која обединува експерти и практичари од цела Европа кои работат на спречување и борба против радикализацијата што води кон тероризам и насилство

- Автор на книга со наслов: „Судската дебата како гаранција за еднаквоста на странките во кривичната постапка во Република Северна Македонија.

- Во рамки на својата функција како директор на Секторот за надворешни работи, остварени значајни дипломатски и меѓународни активности преку официјални средби со бројни амбасадори и високи странски претставници, со цел унапредување на меѓународната соработка, споделување на добри практики и проширување на партнерствата. 

ПОЗНАВАЊЕ НА ЈАЗИЦИ И ДРУГИ КОМПЕТЕНЦИИ

Англиски, Албански, Македонски, Босанско-хрватски

Компјутерски вештини:

- Windows 10/11, Офис алатки: Microsoft Word, Excel, PowerPoint, Outlook,

- Други алатки: Zoom, MS Teams

ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА

Б категорија