Оружје и муниција
Оружје се смета секој предмет направен под притисок на експлозивни материи гас или компримиран воздух или на друг погон да исфрла зрно, кугла, сачма или друг проектил, гас, течност или друга супстанција, што може да предизвика опасност по животот или здравјето на луѓето, како и други предмети, чија основна намена е вршење напад, лов и спортско стрелаштво.
Согласно Законот за оружјето; Министерството за внатрешни работи издава:
- Одобрение за пренесување (трансфер) на оружје и муниција при увоз/извоз/транзит
- Одобрение за превоз на оружје и муниција при увоз/извоз/транзит