Загрозени животни и растенија

Загрозени животни и растенија

Внесување и изнесување на загрозени животни и растенија и нивни производи во/од територијата на Република Mакедонија, според CITES, (Конвенција за меѓународна трговија со загрозени видови на дивата флора и фауна) е строго забрането со закон.

За промет со загрозени и заштитени диви видови растенија, габи и животни и производи изработени од нив потребно е да се приложи соодветен документ односно дозвола од Mинистерството за животна средина и просторно планирање, дозвола која мора да се добие однапред.

Нелегално увезени животни и растенија најчесто се заразени со опасни болести и паразити.

  • Кафеава мечка, сив сокол, пеперуга Hipparchia semele-критично загрозена, волци, змии, гуштери и тропски животни,
  • Корали и школки,
  • Егзотични растенија (орхидеи, кактуси) итн,
  • Сите видови предмети кои произлегуваат од загрозени растителни и животински видови, како:
    • Музички инструменти
    • Артефакти од корали и слонова коска
    • Облека, обувки и модни додатоци итн.

Царинските службеници, полициските службеници или инспекторите ќе ги одземаат нелегалните пратки, а прекршителот, покрај плаќање на парични казни, ќе ги покрие и сите останати трошоци за привремената грижа или складирање на такви пратки.

Бидете внимателен купувач и зачувајте ја природата и видовите!

Scroll to top

.