Лиценца за вршење на застапување
Работите на лиценциран застапник може да ги врши лице кое има лиценца за вршење на застапување согласно овој закон.
Лиценца за вршење на застапување во царинските постапки се издава на лице кое ги исполнува следните услови:
- има најмалку средно образование, најмалку две години работно искуство во областа на царинското работење и положен стручен испит за лиценциран застапник
- во последните две години со една или повеќе правосилни одлуки на надлежен прекршочен орган, односно суд, не е огласено за виновно за сторен царински прекршок и дека не му е изречена глоба во вкупен износ кој надминува 2.000 евра во денарска противвредност или не се огласени за виновни со правосилна одлука на надлежен суд за кривично дело против јавните финансии, платниот промет и стопанството, кривично дело против службената должност, кривично дело против правниот сообраќај или кривично дело определено со Законот за акцизитеи
- да има активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори, или уверение од меѓународна институција на А1 (А1) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно ФЦЕ, БУЛАТС или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 310 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 35 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 10 бода или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ или ГЕТЕ сертификат.
Лиценцата за вршење на застапување Царинската управа ја издава во рок од 30 дена од денот на приемот на уредно поднесеното барање кон кое се приложени сите докази за исполнетост на условите.
Стручен испит за лиценциран застапник може да полага лице кое:
- има завршено најмалку средно образование,
- има најмалку една година работно искуство во областа на царинското работење,
- да има активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори, или уверение од меѓународна институција на А1 (А1) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно ФЦЕ, БУЛАТС или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 310 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 35 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 10 бода или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ или ГЕТЕ сертификат
- има уверение за посетена претходна обука за лиценциран застапник.
Барање за издавање на лиценца за вршење на застапување во царински постапки
Барање за издавање на легитимација на лиценциран застапник
Примерок за надоместок за лиценца
Примерок за надоместок за легитимација
Пријава за посетување на претходна обука и полагањe на стручен испит
Барање за полагање на стручен испит
Пријава за повторно полагање на стручен испит
Пријава за посетувањe на дополнителна обука