Други ослободувања од акциза за енергенти
Акциза не се плаќа на енергентите кои се наоѓаат во стандардните резервоари на моторните возила или авионите кои доаѓаат од странство, како и во специјалните контејнери и не се наменети за натамошна продажба и сеослободени од плаќање на царински давачки и данок на додадена вредност во согласност со царинските и даночните прописи.
Под стандардни резервоари се сметаат:
- резервоари кои производителот трајно ги вградил во моторните возила од ист тип како што е предметното возило и кои овозможуваат непосредно користење на гориво, за погон и за работа на системот за ладење и на другите системи во текот на превозот;
- резервоари за гас вградени во моторните возила за непосредно користење како гориво и резервоари вградени во друг систем со кој возилото може да биде опремено, се сметаат за стандардни резервоари и
- резервоари кои производителот трајно ги вградил на специјалните контејнери од ист тип како што е предметниот контејнер и кои овозможуваат горивото за време на превозот да се користи непосредно за работа на системот за ладење и другите системи со кои се опремени специјалните контејнери. Како специјален контејнер се смета секој уред опремен со посебно наменета направа за системот на ладење, системот за довод на кислород, системот на топлинска изолација или друг систем.
Акцизните добра се ослободени од плаќање акциза, кога се користат од страна на држател на акцизен склад или повластен корисник на акцизни добра, по претходна согласност од надлежен царински орган, во случаите кога:
- се користат како примероци за анализа и тестови при производство или за научно -истражувачки цели;
- се употребуваат за контрола на квалитетот;
- се употребуваат за цели на акцизен надзори
- се уништуваат под царински надзор.