Прашања и одговори

Мојата компанија има добиено и инсталирано дигитален сертификат,како сега да се регистрирам во ЕXIM?

Страницата www.exim.gov.mk преку делот НАЈАВИ СЕ, ве води до потребните информации.

Најпрво треба да пополните електронско барање, со кликање на зборчето тука . Потоа пополнувате Образец за барање за регистрација кое можете да го симнете на истата страница во word или pdf документ. Истиот го пополнувате и го испраќате (или го носите во архивата на ЦУ во Скопје).

Како да го пополнам електронското барање, а како хартиениот Образец на барањето за регистрација?

Во е-барањето се пополнуваат сите податоци кои се бараат.

Напомена1: Да се внимава Името и Презимето да бидат со кирилица бидејќи се појавуваат во дозволата.

Напомена2: Не заборавајте помеѓу секои два карактери од Бројот на сертификатот задолжително да ставите “две точки“ ( : ).

Пример: 40:b0:16:a1 или 01:00:00:00:00:01:1d:af:b8:58:b9

Направив продолжување на мојот дигитален сертификат,но пак ми јавува дека е истечен.Што да направам?

Доколку во некоја од институциите за издавање на ДС сте го продолжиле сертификатот, потребно е во вашиот администраторски дел на компанијата, администраторот да изврши промена на податоците на стариот со новиот број на сертификат. Се најавувате со вашето корисничко име и лозинка, одите во АДМИНИСТРАЦИЈА/ Преглед на корисник/ Измени и во полето Број на сертификат го внесувате новиот SN.

Сертификатот ќе ви биде валиден од следниот ден.

Не можам да потпишам ми јавува Грешка при конекција со сервер. Што да направам?

Доколку се работи за изолиран случај, тогаш е проблем со Интернетот на самиот корисник. Доколу истата грешка се јавува кај повеќе корисници, се обраќате до Одделение за техничка поддршка.

Имам грешка во податоците од барањето, кое ми е веќе одобрено од институцијата. Што да направам?

Институцијата која го одобрила барањето со погрешни податоци, треба да го повлече, а вие да поднесете ново барање и истото да ви биде одобрено од истата институција.

Во EXIM го нема Тарифниот број за кој ми треба дозвола. Што да направам?

Институцијата која е надлежна за издавање на дозволата треба да се обрати (писмено или по меил) до Одделение за тарифа/ Служба за ТАРИК во ЦУ. Барањето ќе биде разгледано и Тарфниот број ќе биде внесен.

Во EXIM Тарифниот број за кој ми треба дозвола не можам да го отворам, не ми го дава полето?

Треба да го испратите проблемот до Help Desk кој ќе го испрати до Одделение за тарифа во ЦУ. Веројатно проблемот е затоа што во описот на тарифата има некој специјален знак(најчесто апостроф) што ке биде променето.

Scroll to top

.