Изнесување на ефективни странски пари
Резидентите можат слободно да изнесуваат од Република Северна Македонија ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност до 2.000 евра.
Одлука за висината на внесување или изнесување на странски пари и чекови
Одлука - ефективни домашни пари чекови и монетарно злато Сл весник бр 41 од 2007 година
Образец за пријавување на ефективни странски и домашни пари и чекови кои резидентите и нерезидентите го внесуваат или изнесуваат од Република Македонија
Резиденти
Резидентитеi Правни лица со седиште во РСМ и нивни претставништва во странство, подружници на странски друштва регистрирани во РСМ, физички лица со постојано место на живеење во РСМ, физички лица со регулиран привремен престој во РСМ и дипломатски и конзуларни претставништва на РСМ во странство. можат слободно да изнесуваат од Република Северна Македонија ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност до 2.000 евра.
Резидентите можат од Република Северна Македонија да изнесат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност од 2.000 до 10.000 евра, само доколку при преминот на државната граница кај надлежните царински органи го пријават износот на ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари што го изнесуваат.
Ефективните странски пари резидентите ги изнесуваат врз основа на потврда од овластена банка или менувачница за купување на странски ефективни пари или врз основа на потврда од банка за подигање на девизи (странски ефективни пари) од сопствена девизна сметка.
Потврдата важи до првото преоѓање на границата, а најдоцна 90 дена од денот на издавањето.
Резидентите не смеат да изнесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност над 10.000 евра.
Износот на ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари што нерезидентите го изнесуваат од Република Северна Македонија не може да биде поголем од износот што при преминот на државната граница го пријавиле кај надлежните царински органи.
Нерезиденти
Износот на ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари што нерезидентите го изнесуваат од Република Северна Македонија не може да биде поголем од износот што при преминот на државната граница го пријавиле кај надлежните царински органи.