Царинска лабораторија
Главна задача на царинската лабораторија е спроведување на анализи за идентификација на мостри земени од страна на царинските службеници и издавање на мислење за тарифна класификација за анализираните мостри, во согласност со Хармонизираниот систем и Комбинираната номенклатура.
Со развојот на Царинската лабораторија сé повеќе се менува и нејзината основна функција. Имено, од првичното вршење на анализи со цел правилно утврдување и наплата на царината и другите увозни давачки, сé поактуелна е заштита на животната средина, здравјето и безбедноста на граѓаните преку откривање на стоки чиј увоз е ограничен или забранет.
Лабораториски простор и опрема
Царинската лабораторија располага со две инструментални лаборатории и една припремна лабораторија.
Инструменти и помошна опрема
- Хроматографски инструменти:
- Гасен хроматограф со пламен јонизирачки детектор (GC/FID)
 
- Гасен хроматограф со Headspace инјектор
 
- Гасен хроматограф со масен детектор (GC/MS/MS)
 
- Течен хроматограф со DAD детектор (HPLC)
 
- Течен хроматограф со RI и DAD детектор (HPLC)
 
 
- Спектроскопски инструменти:
- Браново дисперзионен x-ray флуоресцентен спектрофотометар (WDXRF)
 
- Индуктивна плазма (ICP)
 
- Фуриер трнсформ инфрацрвена спектроскопија (FT-IR)
 
- Ултравиолетова спектроскопија (UV-VIS)
 
- Инструмент за определување на Истражувачки октански број (RON) и цетански број
 
- Инструмент за одредување на боја во нафтени деривати
 
 
- Други инструменти:
- Soxlet- за екстракција
 
- Soxterm за хидролиза
 
- Kjeldahl- за одредување на азот и протеини
 
- Инструмент за определување на густина
 
- Автоматски инструмент за атмосферска дестилација по ИСО 3405
 
- Инструмент за мерење на содржина на алкохол во пиво
 
- Инструмент за мерење на вискозитет на нафтени деривати
 
- микроскоп
 
- рефрактометар итн.
 
 
Типови на анализи што се вршат во царинската лабораторија
- Масла за подмачкување(глава 27 vs. глава 34):
- дестилација,
 
- густина,
 
- FTIR метода
 
- неоргански елементи во масла
 
 
- Нафтени деривати - горива:
- Содржина на сулфур,
 
- Атмосферска дестилација
 
- Вискозитет
 
- Истражувачки октански број
 
- Цетански број
 
- FTIR метода,
 
- Одредување на Solvent Yellow 124 во гасни масла
 
 
- Млечни производи:
- Одредување на вкупни масти,
 
- Одредување на млечни масти,
 
- Идентификација на замени за млечните масти и масла,
 
- киселински број,
 
- слободни масни киселини,
 
- јоден број
 
 
- Други мостри:
- Содржина на шеќер во производи од шеќер,
 
- Содржина на алкохол во пиво
 
- Содржина на шеќер во какао и какао производи,
 
- Идентификација пластични маси,
 
- Текстилни материјали – идентификација
 
 
Аналитички методи кои се употребуваат во царинската лабораторија
- Eнзимско определување на скроб и продукти на негова деградација, во прехранбени производи,
 
- Дестилација на нафтени производи на атмосферски притисок,
 
- Определување на:
- Еуромаркер (Solvent Yellow 124) во гасни масла и керозин,
 
- киселинската вредност и содржината на слободни масни киселини,
 
- сулфур во нафтени производи со помош на флуоресцентна спектрометрија со Х-зраци,
 
- содржина на протеини,
 
- теобромин во производи што содржат какао со високо ефикасна течна хроматографија,
 
- јоден број,
 
- испарливи киселини,
 
- содржина на алкохол во пиво,
 
- содржина на шеќери во прехранбени производи,
 
- содржина на метали,
 
- содржина на млечни маснотии,
 
- концентрација на боја и маркер со ултравиолетов спектрофотометар и
 
 
- Одредување на проценти на злато во легури на злато (накит) со метод на абразивна плоча со каратни игли,
 
- Метода за одредување на сулфатна пепел во масла за подмачкување и адитиви,
 
- Метода за одредување на боја со разредување во нафтени деривати.