Известување: Воведување на НКТС 6 - Opt Out

 

Се информираат економските оператори дека Царинската управа започнува со двофазно воведување на НКТС 6 почнувајќи од 01 јуни 2026 год. кога ќе ја воведе НКТС 6 Opt Out верзијата а подоцна ќе работи на воведување и на НКТС 6 Opt In.

НКТС 6 Opt Out претставува надградба на постојниот систем и негово усогласување со најновите европски стандарди согласно Царинскиот законик на ЕУ - UCC и Конвенцијата за заеднички транзит. Со новата верзија се воведуваат подобрени структури на податоци, дополнителни контроли и унапредена електронска размена на информации, со цел поголема ефикасност и сигурност во транзитните постапки.

Карактеристика

NCTS 6 Opt-out

Број на декларации

Две (Транзит + ENS во ICS2)

Порака IE015

Поедноставна (без ENS податоци)

Поврзување со ICS2

Нема директна врска во NCTS

Код за безбедност (ENS)

Само 0 или 2

 

Се препорачува сите економски оператори да се запознаат со новите барања и измени во податоците, да ги прилагодат своите ИТ системи и навремено да започнат со тестирање и имплементација.

Техничките спецификации и xsd шемите со измените кои треба да се имплементираат до 31.05.2026 а се однесуваат на НКТС 6 Opt out верзијатa која ќе биде во функција заполнувајчи од 01.06.2026 год.

/content/XSD-opt-out-6.4.1.zip

/content/MK-UCC.NCTSp6.4.1.Message Structures_v1.00.docx

/content/MK-UCC.NCTSp6.4.1.Message Exchanges_v1.00.docx

/content/MK-UCC.NCTSp6.4.1.Code Lists_v1.00.docx

/content/MK-UCC.NCTSp6.4.1.Business Rules_v1.00.docx

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Во врска со дополнување од бизнис аспект со новите функционалности во Opt. Out за НКТС 6

 

(ЗА ТРЕЈДЕРИ)

Во НКТС 5 имаше можност во полето Security да се користат:

  • 1 = ENS
  • 3 = ENS + EXS

Во NCTS 6 Opt-Out тие кодови повеќе не се дозволени.
Сега остануваат:

  • 0 = без ENS податоци во транзитната декларација
  • 2 = само EXS (излезна безбедносна декларација)

Практично ENS се поднесува одделно во ICS2  додека во НКТС 6 Opt Out декларацијата повеќе НЕ носи ENS data

 

 

(ЗА ТРЕЈДЕРИ)

IE117 = Presentation Notification at Office of Transit

Ова е нова функционалност за трејдерот.

Кога камионот стигнува на транзитна испостава (Office of Transit), трејдерот/превозникот може да испрати:

  • известување дека стоката физички ќе пристигне на граница во транзитната испостава. Слично како pre-lodgement на ИЕ015 порака во појдовна испостава.

 

Накратко, транзитната испостава добива најава од страна на трејдерот и може да направи безбедносни проверки и да одлучи дали транзитот односно движењето смее да продолжи. 

 Доколку царинскиот службеник одлучи дека движењето не смее да продолжи, тогаш го одбива транзитот на 'Deny Transit Passage' и генерира порака IE119.

 (ЗА ЦАРИНИЦИ)

IE119 = Rejection Crossing Frontier

Ова е порака меѓу царински системи и во тој случај појдовната испостава е известена дека движењето е стопирано. Во спротивно, доколку цариникот одлучи да продолжи транзитот, во тој случај останува да ја внесе истата порака IE118 односно ‘Известување за преминување граница’

Scroll to top

.