Врз основа на чл. 22 и 23 од Законот за работните односи Пречистен текст - („Службен весник на РМ" бр. 62/05, 3/06, 44/06, 66/06, 16/07, 57/07, 77/07, 106/08, 161/08, 63/09, 114/09, 130/09, 149/09, 10/10, 16/10, 50/10, 52/10, 58/10, 124/10, 132/10, 158/10, 47/11, 11/12, 39/12, 52/12, 13/13, 25/13, 54/13, 170/13, 187/13, 34/14, 113/14, 145/14, 20/15, 33/15, 72/15, 74/15, 129/15, 167/15, 27/16, 134/16, 120/18 и Службен весник на РСМ“ бр.110/19, 90/20, 267/20, 151/21 ,288/21 и 111/23) в.в. со член 14, член 22 став 1 алинеја 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработени во јавниот сектор (Службен весник на РМ“ бр.27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 198/18 и Службен весник на РСМ“ бр.143/19, 14/20, 95/20 и 302/20), Правилникот за организација и работа на Царинска управа број 01-036570/21-0001 од 17.06.2021 година, Правилници за измена и дополнување на правилникот за организација и работа на Царинска управа број 01-036570/21-0033 од 02.12.2022 и број 01-036570/21-0050 од 29.12.2023 година ,Правилникот за систематизација на работни места во Царинска управа број 01-036570/21-0002 од 17.06.2021 година и Правилници за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работни места во Царинска управа број 01-036570/21-0012 од 07.12.2021 година, број 01-036570/21-0017 од 04.01.2022 година , број 01-036570/21-0025 од 25.08.2022 година , број 01-036570/21-0032 од 02.12.2022 година и број 01-036570/21-0045 од 29.12.2023 година и известувањето од Министерството за финансии број 19-679/2 од 11.01.2024 година Царинската управа објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС бр. 01/2024
за вработување на 2 (два) извршители на определено работно време, поради привремено зголемен обем на работа, до крајот на месец јуни односно заклучно до 30.06.2024 година во тековната фискална година(2024)
Царинската управа објавува оглас за вработување на 2 (двајца) извршители на определено време до крајот на месец јуни односно заклучно до 30.06.2024 во тековна фискална година (2024):
- Самостоен советник за јазична редакција и лекторирање во Служба за коресподенција и организациски работи во Одделение кабинет на директор, 1 извршител.
- Советник за потекло и царинска вредност на стока во Служба за потекло и царинска вредност на стока во Одделение за царинска тарифа, потекло и царинска вредност на стока во Сектор за царински систем, 1 извршител.
Општи услови за сите работни места:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови за работно место: Самостоен советник за јазична редакција и лекторирање
- ниво на квалификации: VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки, Наука за книжевност, Наука за јазикот (Лингвистика)
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);
- најмалку три години работно искуство на царински работи или во струката.
Посебни услови за работно место: Советник за потекло и царинска вредност на стока
- ниво на квалификации: VI Б според Македонската рамка на квалификации и најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, Правни науки, Хемиска технологија
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);
- најмалку една година работно искуство на царински работи или во струката.
Кандидатите потребно е да ги достават следните документи: (во оргинал или копија заверена на нотар)
- Доказ за државјанство;
- Доказ дека не им е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност (од суд или Централен регистар);
- Доказ уверение - диплома за завршен степен на образование; (за високо образование – диплома и уверение со изразен степен на образование , изразени кредити стекнати според ЕКТС и просек;
- Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
- Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски јазик);
- Доказ за работно искуство (преглед на регистрирани податоци во матична евиденција издаден од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија)
Распоред на работно време: Работни часови во неделата: 40 часа,
Работно време: од понеделник до петок од 08,30 до 16,30 часот
Паричен износ на основна нето плата за работно место: Самостоен советник – 39.894,00 денари, Советник – 38.002,00 денари
Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 30.06.2024 година.
Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Кандидатите се должни да поднесат Пријава која е објавена на интернет страната на Царинска управа www.customs,gov.mk на следната локација https://www.customs.gov.mk/mk-MK/pocetna/za-nas/nasata-uloga/vrabotuvanja.nspx
Пријавата се пополнува согласно напатствијата дадени во неа со читлив и јасен ракопис. Кон пријавата кандидатите ги доставуваат бараните докази за исполнување на условите.
Рокот за доставување на Пријавите со потребните документи изнесува 3 (три) работни денови од денот на објавувањето на огласот, несметајќи го денот на објавување, односно најдоцна до 24.01 .2024 година (среда).
Изборот на кандидатот ќе се изврши во рокот определен согласно член 23 став 2 од Законот за работните односи.
Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Царинска управа или по пошта на следната адреса: Ул.„Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје, Архива на Царинска управа (со назнака „за оглас за вработување бр. 1/2024“). Контакт телефонски број 02 3116 188 Сектор за управување со човечки ресурси при Царинска управа на РСМ.
Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат предмет на разгледување.